Линкови за пристапност

Спектакуларни фотографии од комета


Спектакуларни фотографии од комета
Спектакуларни фотографии од комета

Опремен со два телескопа со дигитални камери во боја и инфрацрвен спектрометар за собвирање на детални информации, „Дип импакт“ направи мошне јасни фотографии на Хартли 2

Вработените во НАСА со аплауз ги дочекаа првите фотографии што сондата „Дип импакт“ ги испрати од кометата Хартли 2 минатиот четврток. Сондата се наоѓаше на само 700 километри од кометата и научниците наведуваат дека фотографиите нудат изобилство на податоци.

Опремен со два телескопа со дигитални камери во боја и инфрацрвен спектрометар за собирање на детални информации, „Дип импакт“ направи мошне јасни фотографии на Хартли 2.

„Инженерите завршија фантастична работа обезбедувајќи ни ги податоците. Сега ние треба да ги разјасниме и така да ја унапредиме науката“, вели главниот истражувач во проектот на американската вселенска агенција, Мајкл Ејхерн.


За обичниот набљудувач, кометата има форма на кикиритка или пак кегла за куглање. Хартли-2 е долга околу 2 километри, а широка околу половина километар во најтесниот дел. Сондата ги направи фотографиите додека беше оддалечена 21 милион километри од Земјата.

Научниците се посебно заинтересирани за кометите бидејќи овие замрзнати остатоци од создавањето на Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години може да го расветлат формирањето и развојот на Земјата и другите планети.

XS
SM
MD
LG