Линкови за пристапност

Горд на униформата - горд на турбанот


Горд на униформата - горд на турбанот
Горд на униформата - горд на турбанот

Ламба е обучен да пружа медицинска помош за време на борбени дејствија и вели дека е подготвен за одбрана на татковината на бојното поле

Американската армија има нов припадник кој носи униформа како и секој друг, но и – турбан на главата. 26-годишниот Симран Ламба, натурализиран американски државјанин со потекло од Индија, е првиот војник со потекло од индиската секта Сики во армијата на САД во последните триесетина години.

Неговите верски убедувања налагаат да носи турбан и брада, а и должината на косата посекако не е во армиски стил. На Ламба му беше дозволен исклучок поради јазичните способности потребни на армијата – тој говори хинди и пенџабски.

Ламба е обучен да пружа медицинска помош за време на борбени дејствија и вели дека е подготвен за одбрана на татковината на бојното поле.

„Горд сум што сум од Сиките, што сум американски државјанин, што сум американски војник“, рече Ламба на церемонијата по повод завршувањето на основната обука.

А, за време на обуката: носел посебен, камуфлажен турбан под шлемот и употребувал вазелин за да ја залепи брадата за кожата и на тој начин да може да ја стави гас-маската. Вели – офицерите со него постапувале исто како и со другите војници.

XS
SM
MD
LG