Линкови за пристапност

Сирискиот судир во фокусот на ОН


Бан Ки-Мун: потребна револуција на обновлива енергија
Бан Ки-Мун: потребна револуција на обновлива енергија

Прашањето ќе доминира на дневниот ред на Генералното добрание и мора итно да се реши, вели првиот човек на Светската организација Бан Ки-мун.

Сирија ќе биде на умот на сите државници кои ќе присуствуваат на Генералното собрание на ОН во Њујорк, вели генералниот секретар на светската организација Бан Ки-мун.

Над 120 шефови на држави и влади ќе учествуваат на годишниот собир на кој ќе дискутираат за војните, политичките кризи и хуманитарните проблеми во светот. Главниот дел од дебатата на Собранието започнува утре.

Генералниот секретар најави дека Сирија ќе биде на врвот на неговиот дневен ред - прашање за кое оцени дека мора најитно да се реши.

Светските сили се поделени во однос на граѓанската војна во Сирија во која досега загинаа над 20.000 лица, повеќето цивили. Русија и Кина ставија вето на строгите санкции поднесени против сириската влада во Советот за безбедност на ОН, додека САД не покажуваат желба за армиска интервенција.

Се очекува напнатоста меѓу израел и Иран, како и крвавите протести против антиисламскиот филм, направен во САД, исто така да доминираат на Генералното собрание.
XS
SM
MD
LG