Линкови за пристапност

ДОМ доби одговор од УНЕСКО за јазикот


ДОМ доби одговор од УНЕСКО за јазикот
ДОМ доби одговор од УНЕСКО за јазикот

Организацијата за образование, наука и култура ја известила партијата дека македонскиот јазик не го третира како загрозен, туку како јазик на жива комуникација

УНЕСКО одговорил позитивно на петицијата на Демократската обнова на Македонија која собра 15.003 потписи против дискриминација на македонскиот јазик, откако минатиот месец терминот македонски во графата за јазик беше избришан од регистарот на Обединетите нации.

Организацијата за образование, наука и култура ја известила партијата дека македонскиот јазик не го третира како загрозен, туку како јазик на жива комуникација.

„Во писмото упатено до ДОМ, УНЕСКО не` уверува дека за нив македонскиот јазик претставува скапоцен и незаменлив дел од културната разноличност на човештвото, дека за нив тој е легитимен и официјално признаен јазик, кој како таков се наоѓа на листата на УНЕСКО за светски библиографии на преводи“, рече претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

УНЕСКО ги пофалил заложбите на партијата на Поповска за грижа на јазикот, бидејќи, како што навеле „зачувувањето на мултилингвалноста е меѓу врвните приоритети наведени во сите стратешки документи“.

„Веруваме дека овој одговор од УНЕСКО на петицијата против дискриминација на македонскиот јазик ќе претставува уште една алатка за нашата дипломатија, за македонските граѓани, но и за сите правдољубиви луѓе во светот во борбата за зачувување на македонскиот идентитет“, истакна Поповска.

XS
SM
MD
LG