Линкови за пристапност

Палестинците најавуваат дека ќе побараат полноправно членство во ОН


Палестинците најавуваат дека ќе побараат полноправно членство во ОН
Палестинците најавуваат дека ќе побараат полноправно членство во ОН

САД се заканија дека ќе стават вето

Палестинците гласаа денеска да побараат полноправно членство во ОН следната недела и покрај противењето од Израел и од САД, но ја оставија отворена можноста за продолжување на блискоисточните мировни преговори.

Шефот на дипломатијата Ријад ал-Малки рече дека претседателот Махмуд Абас ќе се обрати во Генералното собрание на ОН во Њујорк на 23-ти септември. Потоа ќе поднесе барање со Советот за безбедност во кое ќе побара Палестина да биде примена како полноправна членка.

Ал-Малки рече дека Палестинците се` уште се отворени за обновување на израелско-палестинските преговори. Но, Израел продолжува да ги отфрла клучните палестински барања за продолжување на разговорите - запирање на изградбата на доселенички населби на Западниот брег и во Источен Ерусалим.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху најави дека и тој ќе се обрати на Генералното собрание на ОН следната недела. Но, тој рече дека лидерите, како што рече, „нема потреба да патуваат за Њујорк“, и попрво треба да посегнат кон едноставен начин за решавање на ситуацијата со седнување на преговарачка маса.

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман предупреди дека ќе има „големи последици“, ако Палестинците го поднесат барањето за полноправно членство, иако не прецизираше од каков карактер би биле тие.

Американските посредници се во шатл-дипломатија меѓу палестинските и израелските лидери во обид да ги заживеат мировните договори и да го спречат палестинскиот обид во ОН.

И САД и Израел велат дека унилатералните чекори се контрапродуктивни и нема да донесат мир. Американски официјални лица се сретнаа со Абас во четвртокот на Западниот брег, еден ден откако имаат средба со Бенџамин Нетанјаху.

Американски официјални лица велат дека мировните разговори се единствен начин за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Поднесувањето на барањето за полноправно членство на Палестинците би било предмет на вето од една од петте постојани членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ги и САД, кои се противат на палестинскиот план и веќе се заканија дека ќе го искористат тоа право.

XS
SM
MD
LG