Линкови за пристапност

ОН: Пад на стапката на смртност меѓу децата


Добрата вест се должи на подобрена здравствена заштита и други развојни фактори

Извештај на ОН објави дека бројката на деца кои починале пред да наполнат пет години е драстично намалена изминатата деценија поради здравствената нега, образованието, образовните програми и економскиот напредок.

Извештајот од Фондот за деца при ОН покажа дека лани починале помалку од седум милиони деца под петгодишна возраст, споредено со речиси 12 милиони во 1990-та.

Меѓу државите со најголем пад на стапка на смртност се Лаос, Источен Тимор, Либерија, Бангладеш и Руанда.

Државите од Источна Азија и Јужна Америка ја намалиле својата стапка на смртност кај децата за половина.

Но, извештајот посочи дека треба да се стори уште повеќе ширум светот за постигнување на целта за намалување на уште 43 проценти до 2015-та, зашто 19.000 деца под пет години се` уште умираат секој ден.

Најголема стапка на смртност има во суб-сахарска Африка и Јужна Азија. Болести кои може да се излекуваат, како маларија, пневмонија и дијареа, се` уште одземаат многу животи.
XS
SM
MD
LG