Линкови за пристапност

Бан Ки-Мун: потребна револуција на обновлива енергија


Бан Ки-Мун: потребна револуција на обновлива енергија
Бан Ки-Мун: потребна револуција на обновлива енергија

Ки-Мун предупреди дека потрошувачката на енергијата на глобално ниво ќе забележи пораст од 40 проценти во следните две децении, а највисок удел ќе имаат земјите во развој.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун се залага за коренита промена на начинот на кој се троши енергијата и за поголеми инвестиции во технологија за обновливи извори на енергија.

Говорејќи на четвртиот годишен светски Самит за енергетската иднина во Абу Даби, Ки-Мун истакна дека обновливата енергија може да помогне во решавањето на бројни акутни проблеми на денешницата.

„Потребна ни е револуција за чистата енергија, која ќе биде достапна и прифатлива за сите. Тоа е основа за намалувањето на климатските ризици, сиромаштијата, подобрувањето на глобалното здравство и исполнувањето на Милениумските развојни цели , подобрувањето на состојбата на жените, глобалниот економски развој, мир и безбедност, како и севкупната здравствена слика на планетата“, рече Бан Ки-Мун.

Ки-Мун предупреди дека потрошувачката на енергијата на глобално ниво ќе забележи пораст од 40 проценти во следните две децении, а највисок удел ќе имаат земјите во развој.

„Инвестирањето во економијата што ќе се базира на извори на обновлива енергија, едноставно, не е луксуз за земјите во развој. Таа претставува можност за отворање работни места, економски растеж во развиените земји и просперитет за сите“, рече првиот човек на Светската организација.

Пакистанскиот претседател се согласува.

Говорејќи на самитот во Абу Даби, Азиф Али Зардари ја опиша неговата земја како пример во светската енергетска криза. Пакистан беше погоден од бројни природни непогоди. Зардари верува дека тие се до одредена мерка поврзани со глобалното затоплување поради преголемата концентрација на издувни гасови во атмосферата.

Самитот за енергетската иднина во Абу Даби каде се собираат светски лидери и стручњаци за обновливи извори на енергија за пронаоѓање решенија за глобалните енергетски предизвици завршува утре.

XS
SM
MD
LG