Линкови за пристапност

Македонската дијаспора лобира во Конгресот


Македонската дијаспора лобира во Конгресот
Македонската дијаспора лобира во Конгресот

Дијаспората во конгресот го повтори ставот дека не се согласува со промена на името - Република Македонија

Претставниците на Обединетата македонска дијаспора пристигнаа со ентузијазам во домот на американската демократија на Капитол хил. Велат – основна цел е информирање на конгресмените за Резолуцијата 486 што уште во 2009-та беше поднесена во Претставничкиот дом, а што ја обвинува Македонија за непријателска пропаганда кон Грција. Се надеваат да обезбедат поддршка против усвојување на резолуцијата.

„Нашите барања се да не се поддржува антимакедонската резолуција 486 што е поднесена од страна грчкото лоби во Вашингтон. Истовремено бараме да се зголемат средствата што се донираат во Македонија за различни проекти во економијата, образованието, здравството“, вели претседателот на ОМД Мето Колоски:

Дијаспората во конгресот го повтори ставот дека не се согласува со промена на името - Република Македонија.

„Имајќи предвид дека сите поголеми и помали заедници имаат пријателство со некои конгресмени кои ги застапуваат нивните интереси, апсолутно е потребно и ние да имаме такви конгресмени кои ќе ја поддржуваат македонската дијаспора, или барем во најмала рака да знаат за нашите позиции и да имаат разбирање за нив“, рече Бобан Јовановски, директор на ОМД за операциите во САД.

Дијаспората трлеливо чекаше на прием да ги искаже барањата, а персоналот на конгресмените прашуваше во врска со нивните забелешки.

Од канцеларија до канцеларија, ОМД посети 100-тина претставници на конгресмените на речиси тричасовната обиколка по Капитол Хил. Дијаспората во иднина планира да го зачести ваквото лобирање.

XS
SM
MD
LG