Украинскиот министер за внатрешни работи соопшти дека руските сили презеле контрола врз два главни аеродроми во кримскиот регион. Друг извештај пак вели дека базата на украинската крајбрежна стража била опкружена од руски маринци.
Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков го опиша развојот на настаните како „воена инвазија“ на неговата страница на Фејсбук. Тој рече дека вооружени руски војници го блокираат аерородромот Белбек во Севастопол, каде Русија има морнаричка база. Неидентификувани вооружени лица исто така го патролираат и меѓународниот аеродром Симферопол, главниот град на Крим.
Дописничката на Гласот на Америка која се наоѓа на аеродромот Симферопол, ја опиша состојбата како мирна и оти полетувањата и слетувањата се одвиваат без прекин.
Асошиејтед прес пренесе изјава на украинската погранична стража дека крајбрежната база била опкружена од околу 30 руски маринци. Руските државни медиуми негираат секаква руска инволвираност.
Ваквиот развој на настаните доаѓа еден ден откако вооружени лица зазедоа владини згради во Крим, украински регион со силни врски со Москва. Над тие згради било поставено руско знаме.
Соборениот украински претседател Виктор Јанукович, кој вели дека е под руска заштита, се очекува да има прес конференција од јужниот руски град Ростов на Дон.
Доцна синоќа, американскиот потпретседател Џо Бајден телефонски разговарал со привремениот премиер Арсениј Јатсењук и го поздравил формирањето на новата владата, Бајден ја повторил американската поддршка за обновување на економското здравје на државата.