Турскиот заменик-премиер Булент Аранч се извини за полициската пресметка со демонтрантите, на петтиот ден од протестите насочени против владата.
“Беше грешка да се употреби прекумерна сила против луѓето кои првично го започнаа протестот со мотив да ја заштитат животната средина, Тоа не беше праведно, така што се извинувам на тие луѓе, тоа дефинитивно можам да го кажам. Но, мислам дека не треба да се извинуваме на оние кои учествуваа во уништување на јавниот имот и се обидоа да ја попречат слободата на луѓето на улиците“, кажа Аранч.
Тој најави дека ќе се сретне со организаторите на првичниот протест што започна минатиот петок поради владиниот план да разруши парк во близина на плоштадот Таксим во Истанбул. Протестите во меѓувреме прераснаа во манифестација на гнев кон владејачката партија и обвинувања дека премиерот наметнува исламски гледишта врз секуларната нација и владее авторитативно.
Во протестите загинаа две лица. Аранч соопшти дека биле повредени 244 полицајци и 64 демонстранти.
Денес повторно дојде до судир, кога полицијата употреби солзавец за да ги растури демонстрантите во Истанбул, а тие правеа барикади на улиците со цигли и друг материјал. Судири имаше и во Анкара.