Линкови за пристапност

Ердоган: Жените не се еднакви со мажите


Претседателот на Турција кажа дека Исламот ја одредил улогата на жената: да биде мајка

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека жените не се еднакви со мажите и оти Исламот ја дефинирал позицијата на жената: мајчинство.

Зборувајќи на конференција во Истанбул на тема за жените и правдата, Ердоган изјави дека е неприродно да се изедначат мажот и жената.

Асошиејтед прес го цитираше со зборовите: „Не можете да им кажете да одат надвор и да копаат земја. Тоа е против нивната нежна природа“.

Тој ги обвини феминистките дека не го прифаќаат концептот на мајчинство.

Политичката партија со исламски корени на турскиот лидер често е обвинувана за обид да ги поткопа световните темели на Турција и граѓанските слободи.

XS
SM
MD
LG