Турска левичарска група презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствениот бомбашки напад во Истанбул во кој беше убиен еден полицаец, а друг повреден.
Револуционерната народна ослободителна партија – фронт (ДХКП-Ц) на својата Интернет страница објави дека нападот е одмазда за смртта на 15-годишникот кој умрел минатата година откако бил погоден во глава за време на анти-владините протести во 2013.
Самоубиствениот бомбашки напад се случи во популарниот кварт Султанахмет, кој е привлечен за туристи. Ова е втор напад врз полицијата за еден недела.
Оваа група ја презеде одговорноста и за нападот со граната пред палатата во која се сместени канцелариите на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Експлозивот потфрлил да биде детониран.
Турција, САД и ЕУ ја сметаат оваа група за терористички организација. Припадници од оваа група досега вршеле спорадични напади, вклучувајќи и бомбашки атак врз американската амбасада во Анкара во 2013-та.