Турските власти соопштија дека еден полицаец е убиен, а друг повреден, откако жена-бомбаш самоубиец извршила напад врз полициска станица во Истанбул.
Извештаите пренесуваат дека жената говорела англиски јазик, и влегла во популарниот кварт Султанахмет и го детонирала експлозивот на неа.
Овој дел од градот е еден од омилените за туристите. Тука се наоѓаат Сината џамија и музејот Аја Софија.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Ова е втор напад врз полицијата во близина на главните атракции во градот за една недела.