Линкови за пристапност

Триполи: владини згради во пламен; протестите ескалираат


Триполи: владини згради во пламен; протестите ескалираат
Триполи: владини згради во пламен; протестите ескалираат

Либиската полиција употребила солзавец за растурање на протестантите

Сведоци во либискиот главен град Триполи велат дека владини згради биле запалени додека опозициони активисти се бореле со безбедносните сили и владини поддржувачи во нагла ескалација на востанието против либискиот лидер Моамер Гадафи.

Сведоците велат дека неколку владини згради биле во пламен, откако за прв пат излегле од контрола анти-владините демонстрации во неделата кога демонстранти се обиделе да ја преземат контролата врз Триполи од приврзаниците на Гадафи. Либиската полиција употребила солзавец за растурање на протестантите.

Синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам излегол на државната телевизија во неделата да прогласи дека неговиот татко останува на власт и дека ја има поддршката на армијата. Ова се најголеми протести откако постариот Гадафи дојде на власт со пуч во 1969. Саиф ал-Ислам Гадафи вети дека владата ќе се бори „до последниот човек, и последниот куршум“ да остане на власт.

Саиф ал-Ислам ги предупредил Либијците да го прекинат востанието или ризикуваат земјата да западне во граѓанска војна која ќе ја одвлече државата во „реки крв“ и ќе води кон враќање на колонизаторите. Тој инсистираше дека Либија не е Египет или Тунис, соседни држави чии лидери беа соборени од власт изминатите недели.

Саиф ал-Ислам ги обвини демонстрантите дека се збир од Либијци во егзил, Исламисти, уживатели на дрога, потпомогнати од странските медиуми. Но, тој призна дека либиските безбедносни сили направиле некои грешки при сузбивањето на протестите, поради недостаток од обука да се справат со такви ситуации.

Американската невладина група за заштита на човековите права, Хјуман рајтс воч, во неделата пренесе дека најмалку 233 лица се убиени изминатите денови, претежно во источниот град Бенгази, каде првично беа фокусирани демонстрациите. Лекарите во Бенгази велат дека најмалку 50 лица биле убиени во неделата во време кога безбедносите сили отвориле оган врз демонстрантите и погребна поворка.

Младиот Гадафи објави мала цифра бројка на загинати на национално ниво – 84 лица. Во обид да ги смири страстите, тој рече дека владата има волја да почне дијалог за политички реформи, вклучувајќи и разговор за нов Устав и конфедеративна структура на власта.

XS
SM
MD
LG