Линкови за пристапност

Филмскиот фестивал во Торонто – барометар за Оскар


Филмскиот фестивал во Торонто – барометар за Оскар
Филмскиот фестивал во Торонто – барометар за Оскар

Џорџ Клуни и Рајан Гослинг меѓу ѕвездите на црвениот килим

Филмскиот фестивал во Торонто – барометар за Оскар
Филмскиот фестивал во Торонто – барометар за Оскар
Филмскиот фестивал во Торонто вaжи за настан на кој не само што се прикажуваат некои од најдобрите остварувања во годината, туку и потенцијалните кандидати за наградата Оскар.

Џорџ Клуни и Рајан Гослинг беа меѓу ѕвездите на црвениот килим, промовирајќи неколку филмови. Како и многумина други актери, тие гледаат на фестивалот како барометар на расположението за претстојното доделување на Оскар.

Филмскиот фестивал во Торонто – барометар за Оскар
Филмскиот фестивал во Торонто – барометар за Оскар

Клуни го режираше политичкиот трилер “Мартовски иди“ во кој го игра демократскиот претседателски кандидат Мајк Морис. Гослинг го игра неговиот портпарол. Филмот прикажува како корупцијата станува дел од современата американска политика.

Клуни е во Торонто и за промоција на филмот „Потомци“, за вдовец кој дознал дека неговата жена го изневерила. Режисер на филмот е Александер Пејн од „Накосо“.

Рајан Гослинг игра и во криминалниот трилер „Драјв“ на режисерот Николас Виндинг Риф.

Бред Пит во Торонто ја промовираше својата безбол-драма „Победа или ништо“, по сценарио на Арон Соркин.

Глен Клоуз предизвика гласини дека ќе добие номинација Оскар за најдобра женска улога за портретирањето на жена од 19-от век во Ирска, маскирана во маж, во филмот „Алберт Нобс“.

Повеќето од овие филмови ќе доминираат во кино-салите во следните месеци, но Торонто не е само за големобуџетни филмови со експонирани ѕвезди. И нискобуџетните имаат свои адури за Оскар. Еден од нив е „Каде да одиме сега“, француско-либанска продукција која ја доби наградата од публиката во Торонто. Се работи за современо гледање на грчката комедија „Лисистрата“, што се фокусира на група жени - муслимани и христијани - во блискоисточно село разурнато од војна. Тие се обединуваат за да ги присилат мажите да запрат со војување.

Друг филм кој се смета за сериозен конкурент за Оскар е „Одделување“ - иранска продукција за жена која поднесува барање за развод откако нејзиниот сопруг одбива да емигрира со неа и нивната ќерка. Филмот истражува комплексни социјални, возрасни и полови прашања во современ Иран.

XS
SM
MD
LG