Линкови за пристапност

Торонто: Фестивал на македонскиот филм


Торонто: Фестивал на македонскиот филм
Торонто: Фестивал на македонскиот филм

Благодарение на успешното градење на репутацијата на настан од висок квалитет, интересот не изостана

Македонскиот филмски фестивал во Торонто понуди разновидни теми разработени од млади, но и докажани македонски автори кои живеат и работат во странство.

А посетителите имаа прилика да доживеат и повеќе од она што се случуваше на платното. На премиерата на „Танцувај со мене“ на Саша Дамјановски беше послужен домашен колач, како дел од традицијата на овој годишен собир во канадската метропола.

Благодарение на успешното градење на репутацијата на настан од висок квалитет, интересот не изостана. Од организаторите се бараше билет повеќе.

Вирџинија Еванс е основач на Македонскиот филмски фестивал во Торонто. За Гласот на Америка таа рече дека целта останала непроменета од пред пет години кога почна да се организира - промоција на македонскиот филм и култура и нивно приближување до канадската публика.

Критериумите за учество на фестивалот се малку, но строги: филмовите мора да имаат врска со Македонија и мора да се со англиски превод. Само така, ни рече Еванс, канадската публика ќе може да ужива во настанот.

Оваа филмска смотра е единствена од овој вид во Северна и Јужна Америка. Атрибутот „македонски“ му дава посебна егзотика, упатувајќи на нераскинливата врска на неговите творци и уметници со татковината, кажа Вирџинија Еванс на затворањето на фестивалот.

XS
SM
MD
LG