Линкови за пристапност

„Танцувај со мене“ – филм по тајните на љубовната врска


„Танцувај со мене“ – филм по тајните на љубовната врска
„Танцувај со мене“ – филм по тајните на љубовната врска

Филмот оди по трагите на љувовна врска меѓу двајца млади луѓе

На Македонскиот филмски фестивал во Торонто премиерно беше прикажан „Танцувај со мене“ на Саша Дамјановски, кој веќе 20 години живее и работи во Лондон.

Филмот оди по трагите на љувовна врска меѓу двајца млади луѓе, но потегнува прашања за природата на меѓусебните односи воопшто. Во една врска се можни компликации дури и кога се` оди како што треба, вели Саша, кој со нас разговараше преку Скајп од неговиот стан во Лондон.

„Кога двајца луѓе се сакаат, пак може да им биде тешко да комуницираат. Ние развиваме свои слабости, тајни, несигурности, па и проблеми... Ме фасцинира начинот на кој се справуваме со своите проблеми, но и со проблемите на нашиот партнер“, вели Дамјановски.

Македонскиот режисер се надева дека филмот ќе ја испровоцира публиката на размислување за белегот на секојдневието врз меѓучовечките односи и остава на публиката да извлече пораки. Филмот е сниман на локации во близина на Кембриџ. Музиката е на македонската рок-група Фолтин и композиторот Никола Коџобашија.

XS
SM
MD
LG