Линкови за пристапност

Торонто: динамична, мултикултурна метропола


Торонто: динамична, мултикултурна метропола
Торонто: динамична, мултикултурна метропола

Во Торонто живеат разни етнички групи и владее голема толерантност на верска и етничка основа.

Торонто се гради без застој. Како да не го зафатила глобалната економска криза. Во најголемиот град во Канада живеат над 5,7 милиони жители, со продавници од познати марки и канцеларии на меѓународни конгломерати и компании. На престижната улица Блур доминираат марки како Долче Кабана, Бурбери, Гучи.

Важи за најголем финансиски центар во Канада и четврти најголем економски центар во Северна Америка.

Се гради насекаде. Како да нема криза. Расте цената на становите, но и понатаму се гради, со акцент на развидноста.

Во Торонто живеат разни етнички групи и владее голема толерантност на верска и етничка основа. Ги обединува идејата за унапредување на стандардот и подобрување на начинот на живеење. Меѓу нив и македонската заедница со околу 100.000 членови. Можеби најдобра илустрација за мултикултурноста е дека во градот секоја година се одржуваат 75 филмски фестивали, со филмови од исто толкав број на земји во светот.

Мултикултурализмот го прави Торонто една од најбрзо растечките метрополи во светот. Формиран е во 1793-та од страна на Британците и низ времето потоа е видливо влијанието на англо-саксонската култура. Но, денес, белезите се исто толку различни, колку и културите застапени во него.

Англискиот е главен, паралелно со францускиот, но по улиците може да се слушат бројни странски јазици додека навидум до бескрај минуваат редици студенти, туристи и локалци.

Американскиот претседател го има на сите сувенири во Канада. Ако популарноста дома му опаѓа, и го чека жешка политичка есен, во Канада и натаму високо котира.

Неодминливи се живописните такси-возила на градот. Како боите на македонското знаме, на шега велат жителите-македонски иселеници.

За Торонто велат дека секоја генерација живее во поинаков, различен Торонто. Метрополата се менува со забрзано темпо.

Има и футуристички објекти – отвораат поглед како ќе изгледа Торонто, сто години од сега.

Жителите на Торонто не се делат меѓу себе според етничко потекло. Ниту според религијата. Горди се што живеат во еден од големите градови во Канада каде се соодинуваат разни култури и народи.

XS
SM
MD
LG