Американскиот филмски актер Тони Куртис, кој играше во класичните холивудски остварувања „Некои тоа го сакаат жешко“ и „Спартак“ почина на 85 годишна возраст.
Новинските извештаи наведуваат дека Куртис починал во својот дом во Невада. Здравјето му попуштило последните неколку дена и бил хоспитализиран со проблеми со дишењето.
Куртис е роден како Бернард Шварц во Њујорк. Служел во морнарица за време на Втората светска војна, а актерската кариера ја започнал во Њујорк. Подоцна се преселил во Холивуд и неколку години играл мали, споредни улоги, пред да се вивне во ѕвездите.
Куртис беше номиниран за Оскар за неговата улога во филмот Непокорните, во кој толкуваше избеган затвореник - расист, окован со друг затвореник – црнец, кого го играше Сидни Поатје.