Линкови за пристапност

Токио се соочува со месеци без струја по земјотресот


Токио се соочува со месеци без струја по земјотресот
Токио се соочува со месеци без струја по земјотресот

Триесет и петте милиони жители на Токио со околината се подготвуваат за принудно штедење на струја што може да трае до крајот на април. Јапонската влада вели дека оштетувањето и прекинот на работата на многу електрани во земјата резултирало помало снабдување во однос на побарувачката на електрична енергија.

Вообичаено во понеделниците навечер токиските станици се преполни со луѓе кои патуваат кон предградијата. Но, овој понеделник многу жители на главниот град ги послушаа апелите на владата да останат дома во напор да се заштеди повеќе енергија. За оние кои излегоа од дома чувството на страв по масивниот земјотрес се` уште е присутно.

„Исплашен сум. Страв ми е дека ќе има други земјотреси“, вели еден жител на Токио.

„За време на земјотресот бев во мојата канцеларија на 33-от кат. Зградата се нишаше од една до друга страна. Сите бевме во шок“, вели друг патник.

Привремени прекини на струја се објавени во Токио и во уште девет соседни префектури.

Со затварањето на електраните и привремените прекини за напојување на електрична енергија, владата во Токио јави дека може да снабди само три-четвртини од нормалната побарувачка. Штедењето на струја ќе трае до крајот на април, што претставува голем удар за еден од најмоќните финансиски центри во светот.

Но, владата предупредува дека алтернативата за непридржувањето кон штедењето струја ќе значи целосно затемнување на Јапонија.

А опасноста не е одмината. Јапонската метеоролошка агенција изјави дека има 70-процентна шанса за уште еден силен земјотрес во следните три дена, како и уште 50 проценти во следните три дена. Дополнителни потреси би биле голема опасност за зградите кои се` уште се држат, но се разнишани по земјотресот од петокот.

Во големото градско подрачје каде живеат 35 милиони луѓе жителите се загрижени за тоа што носат следните денови.

Во време кога вработените во Токио патуваат дома, нивните мисли се се` со илјадници луѓе на неколку стотина километри северно, каде домовите и животот што до тогаш го знаеле се исчезнати или засекогаш променети.

XS
SM
MD
LG