Линкови за пристапност

Луксузен брод по трасата на Титаник


На бродот Балморал – реконструкција на животот од 1912-та

Луксузен брод отплови од британскиот пристаништен град Саутхемптон да ја мине трасата на легендарниот Титаник пред 100 години.

Многумина од патниците на пат за Њујорк на бродот Балморал се роднини на загинатите кога Титаник удрил во санта мраз и потонал во Северениот Атлантик на 15-ти април 1912-та.

Меморијалниот број ќе застане и на локацијата каде потонал Титаник. Патниците и членовите на екипажот ќе им оддадат почит на жртвите.

На бродот Балморал ќе има реконструктуиран начин на животот од тоа време каков што бил на Титаник. Некои од патниците ќе носат и облека од 1912-та, а жива музика ќе има на палубата на бродот.

Повеќе од 1500 патници се удавија, во како што дотогаш се претпоставуваше, непотопливиот брод. Несреќата на Титаник е тема на бројни книги, филмови и песни.

Остатоците од бродот се уште се наоѓаат на океанското дно.

XS
SM
MD
LG