Линкови за пристапност

Тајм го прогласи папата Францис за Човек на годината


Ја преобрази сликата за Римокатоличката црква, наведува американскиот новински магазин

Американскиот новински магазин Тајм го прогласи папата Францис за Човек на годината.

Магазинот наведува дека новиот папа, кој претходно беше кардинал на Буенос Аирес, ја преобрази сликата за Римокатоличката црква во деветте месеци откако беше ибран за 266-от по ред нејзин поглавар.

Тајм наведува дека откако го земал папското име Францис според скромниот светец од Асиси, повикал на црква која ќе ја исцелува масата од болести, сиромаштија и лични премрежија во животот. Папата е ориентиран да го трансформира Ватикан, местото што ги мери промените со векови, коментира магазинот.

Во текстот по повод прогласувањето, Тајм подвлекува дека папата, кој наредната недела ќе наполни 77 години, претставил едно поприфатливо лице на црквата и дека има кажано дека не е неопходно постојано да се зборува за општествените прашањата околу кои постојат поделби, а кои често доминирале во изјавите на неговите претходници, без оглед што и самиот има порачано дека црквата нема да прифати женски свештеници или пак да ги одобри абортусот и истополовите бракови.

Тајм веќе 86 години избира Човек на годината од највлијателните лица, а во некои случаи и движења кои биле присутни на насловните страници и доминирале во однос на настаните од таа година.
XS
SM
MD
LG