Линкови за пристапност

Тилерсон патува за Русија


Украина, борбата против тероризмот, Сирија и Северна Кореа, точки со висок приоритет во разговорите

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, наредната недела ќе отпатува за Русија, веднаш по состанокот на министрите за надворешни работи Г-7 кој се одржува во Италија, стои во соопштението од Стејт департментот.

По завршувањето на состанокот на 11-ти април, Тилерсон ќе отпатува за Москва каде ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров, за да разговараат за Украина, напорите за борба против тероризмот, како и билатералните односи.

„Оваа посета е дел од нашите напори за одржување на дирекна комуникација со руските државни претставници а со тоа ќе се обезбедат нашите гледишта и јасна заложба, вклучувајќи ги следните чекори кои треба да бидат преземени во врска со имплементацијата на Минск,“ рече Марк Тонер од Стејт депарментот.

Од руското Министерство за надворешни работи го потврдија доаѓањето на Тилерсон, истакнувајќи дека ова е прв пат да бидат домаќин на висок член од администрацијата на Трамп.

Во денеска објавеното соопштение се вели дека покрај борбата против тероризмот, ќе се разговара и за Сирија, Северна Кореја, како и други земји.

„Ситуацијата со Украина нема да биде занемарена, со акцент од потребата Киев да ги почитува своите обврски од договорот со Минск“, се вели понатаму во соопштението.

„Состанокот на Г-7 во Лука, Италија, кој се одржува од 9-ти до 11-ти април, е предвесник на Самитот, каде претседателот Доналд Трамп се очекува да присуствува наредниот месец.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG