Линкови за пристапност

Повторно судир на полицијата и демонстрантите во Банкок


Најновите судири меѓу таканаречените Црвени кошули и безбедносните сили избувнаа откако бил застрелан армиски генерал кој минал на страната на демонстрантите

Во престрелки меѓу тајландските безбедносни сили и анти-владините демонстранти во трговски кварт во Банкок, во петок е убиено уште едно лице.

Безбедносните сили во Банкок стрелале со гумени куршуми и употребиле солзавец врз демонстрантите кои ги почнаа протестите на 12-ти март. Еден 30-годишник подлегнал на повредата од куршум.

Најновите судири меѓу таканаречените Црвени кошули и безбедносните сили избувнаа откако бил застрелан армиски генерал кој минал на страната на демонстрантите. Другото лице загинало кога војниците отвориле оган врз група демонстранти.

Црвените кошули подоцна запалиле празен автобус во време кога безбедносните сили напредувале кон контролен пункт во близина на нивната забарикадирана локација. Бизнисите и неколку странски амбасади лоцирани во богатиот кварт се затворени и евакуирани.

Најмалку десетина лица биле повредени откако почнаа нередите во четвртокот, вклучувајќи француски новинар и тајландски снимател.

XS
SM
MD
LG