Линкови за пристапност

Уапсена шверцерска група поврзана со тероризам


Властите велат дека еден имал врска со терористот поврзан со бомбашкиот напад во Светскиот трговски центар во Њујорк во 1993-та.

Властите во Њујорк уапсија 15 лица обвинети за вклученост во синџир на трговија со цигари и велат дека некои од осомничените може да имале врски со исламски милитантни групи.

Официјалните лица велат дека осомничените наводно прокриумчариле еден милион пакети цигари од Вирџинија во Њујорк, оштетувајќи го градот и државата од приход од данокот. И покрај вносната измама тие живееле скромно, што наведува на претпоставка дека парите оделе на друго место.

Властите велат дека еден од осомничените имал поврзаност со слепиот верски водач кој помогнал во планот за бомбашкиот напад во Светскиот трговски центар во Њујорк во 1993-та. Друг бил поврзан со либански имигрант кој застрелал еврејски студент во Бруклин во 1994-та.
XS
SM
MD
LG