Линкови за пристапност

Осуетен голем терористички напад во Кабул


Уапсен осомничен возач на камион со експлозив

Авганистанската разузнавачка агенција осуети заговор за терористички напад во главниот град Кабул и уапси лице од пакистанска националност кое е поврзано со обидот за напад.

Агенцијата јави дека осомничениот возел камион натоварен со експлозив кога бил уапсен на пат источно од Кабул.

Агенцијата јави дека осомничениот планирал да го користи камионот за бомбашки напад, но не објавија која му била целта.

Апсењето доаѓа само еден ден откако во самоубиствен бомбашки напад најмалку седум лица загинаа, а беа повредени уште 17, повеќето деца.

Талебан ја презеде одговорнсота за тој напад.

XS
SM
MD
LG