Двајца Американци осомничени за тероризам понеделникот се појавија во федерален суд во сојузната држава Њу Џерси Лос Анџелес, под обвинение дека планирале да извршат дејствија на меѓународен тероризам.
Двајцата биле уапсени саботата на Меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк, додека се подготвувале да заминат на одвоени летови за Египет. Нивната крајна дестинација била Сомалија, каде наводно требало да се приклучат на милитантната организација Ал-Шабаб.
Властите ги идентификуваа осомничените како 20-годишниот Махмуд Алеса, американски државјанин со палестинско потекло и 26-годишниот Карлос Едуардо Алмонти, американски државјанин родум од Доминиканската Република.
Алсеа и Алмонти се товарат за заговор да убиство, осакатување и грабнување на лица надвор од САД.
Федералните власти тврдат дека двајцата биле под истрага уште од 2006-та, кога ФБИ примил анонимна информација за нивните дејствија. ФБИ вели и дека нивните семејства помогнале во истрагата.