Линкови за пристапност

Рафаел Надал и Серена Вилијамс и натаму шампиони


Надал е 3800 поени пред вториот рекет во светот, Србинот Новак Џоковиќ, додека Швајцарецот Роџер Федерер падна на третото место

Годинешните победници на Вимблдон Рафаел Надал од Шпанија и Американката Серена Вилијамс го зголемија водството како први на светската листа, но има мали промени подолу на листата.

Надал е 3800 поени пред вториот рекет во светот, Србинот Новак Џоковиќ, додека Швајцарецот Роџер Федерер падна на третото место. Британецот Енди Муреј го задржа четвртото место, додека петтото и шестото место го заменија Швеѓанецот Робин Соделинг и Николај Давиденко од Русија кој се симна на шесто.

Хуан Мартин дел Потро се искачи на седмото место, додека овогодишниот финалист Томас Бердик се искачи пет места и во моментов е осми во светот. Американецот Енди Родик е деветти, додека Шпанецот Фернандо Вердаско падна едно мести и сега е на 10-то.

Кај жените, Србинката Јелена Јовановиќ е на второ место, додека Каролин Возњацки од Данска е трета. Американската Венус Вилијамс падна на четвртото место. Австралијанката Саманта Сотур е петта, која го замени местото со шестопласираната Русинка Елена Дементиева.

Белгијанката Ким Клајстерс е седма, додека осма е Италијанката Франческа Шиавоне. Овогодишната финалистка Вера Звонерева направи скок од 21-вото на 9-то место, додека Ли На од Кина се искачи две места и е 10-та.

XS
SM
MD
LG