Линкови за пристапност

Со технологијата против сообраќајниот метеж


Со технологијата против сообраќајниот метеж

Предвидување каде може да се јават проблеми и кои патишта да се избегнат

Со технологијата против сообраќајниот метеж
Со технологијата против сообраќајниот метеж
Сообраќаен метеж до или од работа или училиште - ретко кој барем еднаш не заглавил во тоа. Дали има спас од ситуаците кога патиштата се претворат во паркинзи? Според истражувањето Индекс на патење на патниците за 2011-та, то го го изработува компанијата ИБМ, одговорот е во современата технологија.

На 80.000 патници од 20 метрополи им биле поставени повеќе прашања: „Дали ве обзема гнев кога возите? Како тоа се одразува на учинокот на училиште, работа или дома? Дали, едноставно, кревате раце и се враќате дома? Колку долго минувате во сообраќаен метеж?“

Со технологијата против сообраќајниот метеж
Со технологијата против сообраќајниот метеж


Виноди Сваминајтан, стручњак за транспортни системи од ИБМ, раскажува дека целта на истражувањето е да се дознае динамиката на патувањата и однесувањето на возачите ширум светот. Годинава регистрирало голема нервоза меѓу возачите, особено во земјите во развој.

„Во некои градови, граѓаните ја подвлекоа нервозата што ја чувствуваат, на пример во Њу Делхи, Бангалор, Пекинг, Мексико Сити“, вели Сваминајтан. Возачите таму минуваат најмногу време од сите други места на патот за училиште или работа. Но, истакнува дека локалните власти се обидуваат да ја олеснат ситуацијата.

„Се` повеќе се градат обиколници во Пекинг. Мексико Сити планира да инвестира 2,5 милијарди долари за решавање на инфраструктурните проблеми“, наведува Сваминајтан.

Истражувањето утврдило и дека сообраќајниот метеж е намален во многу делови од светот поради рецесијата која ја забави економската активност и ги зголеми нафтените цени. Анкетирани возачи во Стокхолм, Сингапур, Мадрид и Буенос Аирес навеле дека минуваат само 30 минути или помалку патувајќи.

Резултатите од истражувањето го одразуваат и зголемениот интерес за користење на јавниот превоз. 41% еден процент од испитаниците навеле дека подобрениот автобуски и железнички превоз би им помогнал да го намалат стресот.

Сваминајтан потенцира дека Стокхолм е една од метрополите која реагирала на тоа.

„Властите значително ја зголемија довербата во капацитетот на јавниот превоз и симултано развија ценовен систем за намалување на метежот. Таквите чекори привлекоа голем број луѓе да го користат јавниот превоз“, коментира овој стручњак.

Многу градови од земјите во развој преземаат слични чекори.

„Меѓу оние кои предничат е Шензен во јужна Кина. Градот е многу распространет, но инвестираше во инфраструктурни проекти - не само во патишта, туку и во сеопфатен јавен превоз што ќе им помогне на жителите подобро и побрзо да се движат низ градот“, вели Брајан Котон, потпретседател на консултантска фирма од областа на сообраќајот.

Технологијата може да помогне во олеснување на сообраќајниот метеж.

„Прв чекор е собирање на информации, со цел да им се обезбеди на патниците да го испланираат следниот чекор. Такви системи денес има во автомобилите, па дури и во современите „паметни“ телефони.

На ваков начин функционира таканаречената Програма за мудро планирање на патувањето на ИБМ. Сваминајтан вели дека таа им овозможува на жителите на Сан Франциско и околината да одлучат која е најдобра маршрута, пред да тргнат на пат.

„Користиме технологија која секојдневно ги предвидува настаните по патние правци.

Проактивно информираме што ќе се случи - 60 минути претходно. Тоа е исто како да ви кажеме дека ќе врне, и затоа ви е потребен чадор“, раскажува Сваминајтан.

Ова е четврта година по ред ИБМ да врши истражување за сообраќајниот метеж.

XS
SM
MD
LG