Линкови за пристапност

Американски суд обвини Пакистанец за помагање на Талебан


Федералниот суд во Тексас го најде Аднан Мирза за виновен по девет основи, вклучувајќи и седум за нелегално поседување оружје

Американскиот суд обвини пакистански студент во САД за помагање на Талебан.

Федералниот суд во Тексас го најде Аднан Мирза за виновен по девет основи, вклучувајќи и седум за нелегално поседување оружје.

Обвинителството кажа дека 33-годишниот Мирза бил дел од група мажи кои вршеле паравоена обука во кампови во околината на Хјустон, Тексас, каде се подготвувале за џихад (света војна). Мирза вели дека мажите биле повикани да заемат учество во кампување од страна на платен информант кој работел со федералните инспектори.

Тој исто така ги отфрли обвинувањата дека собрал 900 долари за борците на Талебан, истакнувајќи дека парите биле наменети за талебански семејства и за хуманитарни каузи.

Мирза се соочува со затворска казна од 10 години по обвиненија за заговор и потенцијално може да добие уште неколку години заради поседување оружје. Неговата пресуда ќе биде изречена на 10-ти септември.

XS
SM
MD
LG