Линкови за пристапност

Убиен тајландски генерал од Црвените кошули


Безбедносните сили јавија дека испратиле воени возила да ја опкружат локацијата

Тајландски генерал од анти-владините демонстранти Црвени кошули е застрелан, во време кога безбедносните сили го опколија центарот на Банкок.

Дописникот на Гласот на Америка Даниел Шеарф од Банкок јави дека видел кога генералот Сех Денг бил застрелан, најверојатно од снајперист.

Има извештаи и за други престрелки и експлозии на местото каде биле лоцирани демонстрантите.

Безбедносните сили јавија дека испратиле воени возила да ја опкружат локацијата.

Демонстрантите, познати како Црвени кошули, запоседнаа угледен кварт со недели барајќи оставка од премиерот Абхисит Веџаџива.

Властите од Тајланд го зголемија притисокот врз Црвените кошули, откако овие одбија да ја напуштат локацијата и покрај постигнатиот договор за помирување кој повикува на предвремени избори.

Лидерите од Црвените кошули велат дека се подготвени да се судрат со војниците доколку тие упаднат на територијата со цел да ги принудат да ја напуштат локацијата.

XS
SM
MD
LG