Линкови за пристапност

Русија се залага за соработка со Асад


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека неговата земја не може да се приклучи на коалицијата предводена од САД која војува против Исламската држава во Сирија затоа што е нелегална и градена на „лажни основи“.

Лавров рече дека САД и нивните сојузници не треба да ја отфрлат соработката со сирискиот претседател Башар ал Асад, истакнувајќи дека Асад „командува со најспособните сили на теренот кои се борат против тероризмот“.

Белата куќа вчера го повтори долгорочното тврдење дека владата на Асад е одговорна за катастрофата во Сирија и за подемот на Исламската држава. Администрацијата на Обама смета дека тој не може да има улога во иднината на Сирија, и оти поддршка за него „погрешна карта“.

XS
SM
MD
LG