Линкови за пристапност

ОН бараат 6,5 милијарди долари за помош за Сирија


2,3 милијарди за раселените лица во Сирија, а остатокот за сириските бегалци во Турција, Либан и на други места во регионот

ОН бараат 6,5 милијари долари помош за милиони Сиријци кои беа принудени да ги напуштат домовите поради граѓанска војна што трае веќе две и пол години.

Валери Амос, шефицата на хуманитарните мисии на ОН, изјави дека од таа сума, 2,3 милијарди се потребни за раселените лица во Сирија, а остатокот за сириските бегалци во Турција, Либан и на други места во регионот.

Светската организација проценува дека околу 40% од сириското население морало да ги напушти домовите поради судирот.

Минатата година, ОН побараа 4,4 милијарди долари помош за Сиријците, но соопштија дека биле собрани само две третини од тој износ.

ОН по воздушен пат од Ирак доставуваат хуманитарна помош за северниот дел на Сирија, каде населението погодено од судирот истовремено страда и од тешките зимски услови. Минатата недела, дојде до застој во операцијата поради снежното невреме кое го зафати регионот.

Владите на Сирија и на Ирак го одобрија хуманитарниот воздушен мост.
XS
SM
MD
LG