Силите на сириската влада извеле најмалку 15 воздушни напади во понеделник врз цели на милитантите од Исламската држава во заземениот централен град Палмира, велат активисти.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, што врши мониторинг на насилството во Сирија преку мрежа на активисти во државата, кажа дека целите вклучиле зграда на армиското разузнавањето и болница.
Исламската држава го зазеде античкиот град минатата недела.
Опсерваторијата соопшти дека милитантите извршиле егзекуција врз 217 лица, вклучувајќи деца, медицински сестри и сириски борци, и оти повеќе од 600 лица биле земени како затвореници.
Директорот Рами Абдел Раман за француската новинска агенција изјави дека некои од убиените се обезглавени, додека во други било пукано или избодени. Опсерваторијата соопшти дека милитантите од Исламската држава ги обвинуваат приведените и убиените дека се „агенти на режимот“.