Русија најави дека ќе ја поддржи резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се поддржува мировниот план за Сирија на специјалниот пратеник Кофи Анан. Но, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Советот за безбедност треба да го разгледа предлогот како база за понатамошна работа на Анан за решавање на кризата, а не како ултиматум.
Кина и Русија веќе два пати ставија вето на претходни резолуции во Советот за безбедност на ОН кои се однесуваат на Сирија, велејќи дека тоа би било мешањето во внатрешните работи на земјата. Во меѓувреме, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун рече дека ситуацијата во Сирија станала „неприфатлива“ и кога „не треба да се толерира“. Тој го повика Советот за безбедност да заземе единствен став за кризата.