Линкови за пристапност

Удар за Асад


Генерал и близок соработник на сирискиот претседател пребегал од Сирија во Турција

Висок сириски генерал и некогашен близок соработник на претседателот Башар ал-Асад наводно пребегал од Сирија и се верува дека е во Турција, што е потенцијално сериозен удар за режимот на Асад.

Сипан Хасан од Сириската опсерваторија за човекови права за Гласот на Америка кажа дека активистичката група дознала од новинари и безбедносни сили во Сирија дека Манаф Тлас ја напуштил земјата. Тој бил бригадирен генерал во елитната Републиканска гарда и син на поранешен министер за одбрана.
XS
SM
MD
LG