Линкови за пристапност

Слатки компири - за традиционалната вечера и за здравје


Слатки компири - за традиционалната вечера и за здравје
Слатки компири - за традиционалната вечера и за здравје

Многу луѓе ширум светот не можат да си дозволат да купат овошје, зеленчук или животински продукти кои ќе им ги обезбедат неопходните состојки за добро здравје

Недостакот од витамин А води до губење на видот и смрт од сериозни болести. Светската здравствена организација проценува дека секоја година 250.000 лица починуваат од болест поврзана со недостиг на витаминот А, а двојно повеќе го губат видот.

Многу луѓе ширум светот не можат да си дозволат да купат овошје, зеленчук или животински продукти кои ќе им ги обезбедат неопходните состојки за добро здравје.

Решението може да е во јадење повеќе слатки компири, вели Џен Лоу од Меѓународниот центар за компири, глобален истражувачки институт:

„Еден компир дневно обезбедува доволно количество на витамин А“, наведува таа.

Лоу вели дека благите компири се честа градинарска култура во делови од Африка. Но, повеќето се бели или жолти. Тие содржат мало количество на витамин А. Но, таа наведува уште еден проблем:

„Имиџот за благиот компир е дека главно го јадат сиромашните“, вели Лоу.

Сиромашните жени честопати се потпираат на благиот компир во исхраната на семејствата само кога ќе се потрошат другите видови храна. Со цел црвениот благ компир да биде прифатен од поголема јавност, треба луѓето да го бараат. А тоа значи - маркетинг:

„Погледнете го примерот со кока-кола. Со добра реклама успеа да се пробие и во најзафрлените делови во светот. Зошто истото не е можно со благиот компир?, вели Лоу.

Така се` започна. Промотерите носеа портокалови/црвеникави маици и капи. Ги бојадисуваа билбордите во бојата на овој компир. Возеа возила со таква боја. На една конференција во Вашингтон, Џен Лоу била облечена во фустан што е со црвеникаво-портокалова боја, да го привлече вниманието:

„Портокаловата боја всушност се покажа како ефикасна алатка во градењето портокалов бренд кој го промовира слаткиот компир како незаменлив дел од здравата исхрана“, вели Лоу.

Дан Густафсон е шеф на канцеларијата на ОН за храна и земјоделство во Вашингтон.

Тој вели дека во учебниците по историја има добронамерни напори за претставување на оваа градинарска култура дека му помага на организмот да се справи со болести или за други корисни страни од нејзино конзумирање.

Сепак, тие не се успешни.

Густафсон наведува дека тие напори биле неуспешни затоа што не зеле в предвид што сакаат конзументите. Разликите меѓу портокаловите благи компири и оние кои веќе ги конзумираат Африканците не се големи, вели тој.

Густафсон верува дека со помош на рекламирањето, портокаловите благи компири навистина можат да го подобрат здравјето во некои од најсиромашните места во светот.

XS
SM
MD
LG