Линкови за пристапност

Обама подготвен да ја соопшти номинацијата за Врховниот суд


Обама подготвен да ја соопшти номинацијата за Врховниот суд

Ерик Холдер во неделата рече дека смета оти Каган ќе биде одлична судијка во највисоката судска истанца

Американскиот претседател Барак Обама се очекува во понеделник да го соопшти својот избор за пополнување на испразнетото место во Врховниот суд.

Американскиот генерален правобранител Ерик Холдер во телевизиско интервју рече дека најавата ќе дојде многу брзо.

Новинските извештаи, цитирајќи анонимни извори, јавија дека Обама размислува за номинирање на заменикот-јавен обвинител Елена Каган. Ерик Холдер во неделата рече дека смета оти Каган ќе биде одлична судијка во највисоката судска истанца.

Новиот судија треба да го замени Џон Пол Стивенс, кој ќе се пензионира од деветчлениот Врховен Суд, веројатно на почетокот од јуни.

Номинацијата на претседателот ќе треба да биде потврдена од американскиот Сенат.

Педесетгодишната Каган е поранешен декан од правниот факултет при Универзитетот Харвард. Таа ќе биде трета жена во Врховниот суд.

XS
SM
MD
LG