Фудбалското финале меѓу Њујорк џајантс и Њу Ингланд патриотс е најгледан ТВ-настан во американската историја, трета година по ред. Овојпат го следеле 113-милиони. Мадона, која настапи на полувремето, само надодаде на тоа – тој дел го следеле 114 милиони.
* * *
А дали ја забележавте раперката М.И.А., која настапи со Мадона, како го покажува средниот прст? За невкусниот гест не се извини само таа, туку и фудбалската лига и НБЦ кој го вршеше преносот.
* * *
150 актери и филмски работници се собраа на годишниот ручек на номинираните за Оскарите. Доделувањето на престижните статуетки е на 26-ти февруари.