Линкови за пристапност

Супербол: не само фудбалски спектакл


Супербол: не само фудбалски спектакл
Супербол: не само фудбалски спектакл

Њујорк џајантс подобри од Њу Ингланд патриотс, но дали Мадона од рекламите?

Во репризата на финалето од пред четири години во американски фудбал, Њујорк џајантс беа повторно поуспешни од Њу Ингланд патриотс, годинава, со 21:17. Квотербекот на Џајантс, Илај Менинг, го заслужи признанието за најкорисен играч на мечот. Како и што се очекуваше, натпреварот беше неизвесен до последните секунди, но Њујоркчани заминаа со победа, а популарниот квотербек на Патриотс, Том Брејди ќе мора да најде утеха за горчливиот пораз во наредната сезона.

Во Бостон по пабовите не можеше ни игла да падне за време на речиси 4-часовниот ТВ-настан број 1 во неделата попладне ширум САД, но нивниот тим не успеа да ја освои титулата.

Затоа, славеше цел Њујорк.

Суперболот е повеќе од игра. Долгонајавуваната поп-ѕвезда Мадона на полувремето изведе неколку хитови од поранешни албуми, 12-минутна ретроспектива на кариерата што наиде на овации од публиката.

Десерт на настанот беа рекламните пораки. Иако 30-тина секунди чинеа приближно 3,5 милион долари, големите компании не штедеа пари да бидат присутни на овој медиумски спектакл. Кој имаше поуспешни реклами, произведувачот на пиво Бадвајзер или Бад Лајт?

Воскреснатиот Крајслер, кој го „вработи“ Клинт Иствуд, или азиските конкуренти Тојота, Хјундаи и КИА? Американските медиуми денеска се бават со барање на одговори на прашањево, но сепак, се чини дека се` е работа на – вкусот. Компаниите не штедеа пари дури да најмат познати лица за рекламите – така Дејвид Бекам позираше за долна облека, а Елтон Џон стана цар во рекламата на Пепси.

XS
SM
MD
LG