Линкови за пристапност

Стајнберг: Раководството да се фокусира на наградата - солидна иднина во НАТО и ЕУ


Стајнберг: Раководството да се фокусира на наградата - солидна иднина во НАТО и ЕУ
Стајнберг: Раководството да се фокусира на наградата - солидна иднина во НАТО и ЕУ

Американскиот заменик-државен секретар наведува и дека САД ќе направат се` што е во нивна можност да го поддржат таквиот вид на храбри одлуки што премиерот и претседателот Ѓорге Иванов ќе треба да ги донесат за да се појде напред

САД посакуваат се` најдобро во процесот, со задоволство би размениле идеи и ги охрабруваат обете страни да гледаат кон вистинската придобивка, коментираше за спорот со името американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг.

„Разбираме дека на премиерот Груевски му претстои донесување на тешки одлуки - секогаш е тешко во ситуации како оваа. Тешко е, кога знаете кој е вашиот прв избор, да се обидете да најдете начин за заедничка основа, но мислам дека е важно македонското раководство да се фокусира на наградата, а тоа е солидна иднина во рамки на НАТО и ЕУ, што е примамливо“, рече Стајнберг во интервјуто за Евроазиската дивизија на Гласот на Америка.

Американскиот заменик-државен секретар наведува и дека САД ќе направат се` што е во нивна можност да го поддржат таквиот вид на храбри одлуки што премиерот и претседателот Ѓорге Иванов ќе треба да ги донесат за да се појде напред.

Стајнберг го поддржа посредникот на ОН Метју Нимиц, за кого оценува дека продожува да игра важна улога. Тој смета и дека грчкиот премиер Јоргос Папандреу испратил позитивен сигнал со својата визија за целосна европска интеграција на Балканот до 2014-та, со што покажал дека навистина ја поддржува иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.

XS
SM
MD
LG