Линкови за пристапност

Економијата централна во годишното обраќање на Обама


Ќе побара Конгресот да одобри инвестирање на проекти од инфраструктурата, научното истражување, образованието, најавуваат од Белата куќа.

Претседателот Барак Обама во вечерашното годишно обраќање пред обата дома на Конгресот ќе се фокусира на кревката економија и создавањето на работни места, според негови виши советници,

Претставници на Белата куќа најавуваат дека тој ќе го повика Конгресот да одобри легислатива за инвестирање во повеќе проекти за поттикнување на економијата, од области како инфраструктурата, научното истражување и образованието. Се очекува Обама да ја поврзе економијата со проблемот на климатските промени преку повик за инвестирање во проекти со еколошки видови на енергија.

Првиот човек на САД ќе побара и Конгресот да усвои легислативи по две прашања што во моментов имаат централно место во дебатата на Капитол Хил - контрола на огненото оружје и имиграционите реформи.
XS
SM
MD
LG