Линкови за пристапност

САД остануваат на изборот за амбасадор во Венецуела


САД остануваат на изборот за амбасадор во Венецуела
САД остануваат на изборот за амбасадор во Венецуела

Палмер порано беше амбасадор на САД во Хондурас

Владата на претседателот Барак Обама стои зад својот дипломат Лари Палмер кого го назначи за за амбасадор во Венецуела, и покрај тоа што тој беше одбиен од претседателот Хуго Чавез.

Портпаролот на Стејт департментот Пи Џеј Краули изјави дека Палмер е целосно квалификуван за работата и ќе биде ефикасен објаснувач на политиката на владата, во правец на подобрување на затегнатите односи меѓу САД и Венецуела.

Краули рече дека американската влада е попрво подготвена да не го пополни местото амбасадор во Каракас, отколку да се откаже од првичниот избор.

Стејт департментот ги отфрли сугестиите на Хуго Чавез за алтернативни кандидати, како поранешниот претседател Бил Клинтон, актерот Шон Пен, режисерот Оливер Стоун и лево ориентираниот Ноам Чомски. Сите, освен Клинтон, се гласни поддржувачи на венецуелскиот лидер.

Венецуела изрази негодување поради коментарите на Палмер, кој рече дека во армијата на Венецуела владее низок морал и оти Каракас има врски со колумбискиот бунтовници. Претседателот Чавез рече дека американскиот амбасадор во Каракас мора да ја почитува Венецуела. На крајот од минатата година, Вашингтон му ја поништи визата за влез во САД на адбасадорот на Венецуела, како одговор на отфрлањето на Палмер од страна на властите во Венецуела.

Палмер порано беше амбасадор на САД во Хондурас.

XS
SM
MD
LG