САД ги стави милитантните групи Боко Харам и Ансару, базирани во Нигерија, на листата на странски терористички организации.
Американската претставничка за контратероризам Лиза Монако денес изјави дека овие организации се одговорни за убиство на илјадници лица во североисточниот и централен дел на Нигерија последниве години. Монако рече дека тие извршиле десетици напади врз цркви и џамии и дека целта им била да убиваат цивили.
Американските власти ја товарат Боко Харам за нападот на објект на ОН во Абуџа 2011-тата, во кој загинаа 21 лице.
Со оваа одлука се забранува секаква финансиска трансакција меѓу Боко Харам и Ансару со поединци и компании од САД, а банките имат право да ја замрзнат евентуалната актива на овие организации во САД. Одлуката беше објавена истовремено со одржувањето на конгресен распит за заканата што ја претставува Боко Харам како најистакната милитантна организација во Нигерија.
Нешто порано годинава, Ансару прогласи дека се одвојува од Боко Харам. Според американски официјални лица, нападите на Ансару се главно насочени на нигериски армиски цели, како и на оние на западните земји.