САД на 4-ти август ќе затворат бројни амбасади и конзулати од безбедносни причини.
Стејт департментот не прецизираше кои дипломатски претставништа ќе бидат затворени, ниту пак за каква закана се работи. Па сепак, во владиното соопштение стои дека амбасадите и конзулатите на кои им е наложено да затворат се оние кои вообичаено работат тој ден. Тука спаѓаат амбасадите во муслиманскиот свет, каде работната седмица обично е од недела до четврток.
Портпаролката Мари Харф коментираше дека се работи за мерка на внимателност: „Стејт департментот наложи на одредени амбасади и конзулати да бидат затворени или да прекинат со дневните операции во недела, на 4-ти август. Бевме информирани дека поради внимателност и грижа за нашите вработени и клиентите кои ги посетуваат нашите објекти, треба да преземеме ваква мерка. Кога така бараат условите, Стејт департментот презема чекори за обезбедување на рамнотежа меѓу продолжувањето на работата од една и безбедноста од друга страна“.
Властите наведуваат и дека затворањето на дипломатско-конзуларните претставништва може да биде продолжено, по разгледување на ситуацијата.