Линкови за пристапност

Портпарол на Стејт департмент поднесе оставка


Портпарол на Стејт департмент поднесе оставка
Портпарол на Стејт департмент поднесе оставка

Пи Џеј Краули се повлече заради дадените оценки за притворениот војник во врска со Викиликс

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Пи Џеј Краули поднесе оставка по критиките за третманот на Пентагон врз американски војник кој е обвинет дека протекол класифицирани документи за интернет-страницата Викиликс.

Во соопштение во неделата, државната секретарка Хилари Клинтон рече дека „со жалење“ ја прифатила оставката од Краули.

Краули во истото соопштение рече дека имајќи го предвид влијанието од неговите јавни оценки, тој поднесува оставка на функцијата.

Пред мал аудиториум на Институтот Масачусетс за технологија во четвртокот, тој изјавил дека третманот на притворениот поранешен аналитичар за разузнавање Бредли Манинг е „смешен, глупав и контропродуктивен“.

XS
SM
MD
LG