Британските научници открија ѕвезда за која велат дека е поголема и посветла од која и да е друга.
Ѕвездата под референцата Р136а1 своевремено била 320 пати потешка од Сонцето. Денес, пак, е 256 пати потешка и 10 пати посветла, а истовремено и 7 пати потопла.
Џиновската огнена топка се наоѓа на 165.000 светлосни одини оддалеченост, во соѕвездието Тарантула небула – голем облак од чад и прашина што се движи низ соседна галаксија.
Откритието е објавено во Месечниот бележник на Кралското астрономско здружение.