Линкови за пристапност

Тројца од руската шпионска афера се појавуваат пред суд


Тројца од руската шпионска афера се појавуваат пред суд
Тројца од руската шпионска афера се појавуваат пред суд

Сите тројца живееле во предградие на Вашингтон и инспекторите велат дека Кутзик и Переверзева користеле лажни идентитети

Тројца осомничени членови од рускиот шпионски синџир се појавија пред американски федерален суд. Тие се обвинети дека дејствувале во САД по налог од Кремљ повеќе од една деценија.

Обвинителството се очекува да презентира докази против осомничените, кои властите ги идентификуваа како Микхаил Кутзик, Наталија Переверзева и Микхаил Семенко.

Сите тројца живееле во предградие на Вашингтон и инспекторите велат дека Кутзик и Переверзева користеле лажни идентитети.

Тројцата се меѓу групата од 10-те уапсени минатата недела во Њујорк, Бостон и предградијата на Вашингтон со обвинувања за заговор и дејствувања како нерегистрирани агенти за странски влади. Против шест осомничени веќе се покренати обвиненија, а на еден му е одредена кауција.

Ниту еден не е обвинет за посериозни акти на шпионажа.

Роднините на нуклеарниот физичар кој е обвинет за шпионажа во Русија, се надеваат дека властите ќе ја разгледат можноста за размена со осомничени кои се наоѓаат во американски притвор.

XS
SM
MD
LG