Линкови за пристапност

Последна станица – Вашингтон


Спејс-шатлот Дискавери ќе стане дел од музејска изложба.

Пензионираниот спејс-шатл Дискавери, прицврстен на грбот на специјално модифициран Боинг 747, пристигна на Меѓународниот аеродром Далaс во Вашингтон, каде ќе стане дел од музејска изложба.

28-години старото летало ќе биде изложено во Центарот Удвар-Хази во близина на аеродромот, во рамки на Музејот за авијација и вселенски летови на Институцијата Смитсониан.

Боингот пред слетувањето намерно кружеше над главните обележја во Вашинтон, што беше одлична можност за насобраните на Главното шеталиште во градот да го фотографираат последниот лет на шатлот.

Дискавери замина во пензија пред повеќе од една година, кога НАСА реши да ја повлече целата шатл-флота и да се насочи на новата генерација вселенски летала што би заминале подалеку од орбитата на Земјата.

Центарот Удвар-Хази ќе ја отвори поставката со Дискавери на 19-ти април, на церемонија на која ќе присуствува и Џон Глен – првиот Американец кој ја обиколи Земјата во 1962-ра, а во 1998-ма се врати како најстариот астронаут во вселената - токму на Дискавери.

XS
SM
MD
LG