Линкови за пристапност

Астронаутите се подготвуваат за првата од три вселенски прошетки


Астронаутите се подготвуваат за првата од три вселенски прошетки
Астронаутите се подготвуваат за првата од три вселенски прошетки

Се очекува вселенската прошетка да трае шест и пол часа

Астронаутите од американскиот спејс-шатл Атлантис се подготвуваат за нивната прва од предвидените три вселенски прошетки.

Американската вселенска агенција НАСА јави дека астронаутите Герет Рајсман и Стив Бовен ќе излезат од меѓународната вселенска станица за да инсталираат втора антена.

Тие исто така ќе додадат резервни делови на платформата и ќе ги олабават шрафовите од акумулаторот како подготовка за следните вселенски прошетки.

Се очекува вселенската прошетка да трае шест и пол часа.

Атлантис, која е во последна мисија пред пензионирање, пристигна на меѓународната вселенска станица во неделата.

Шест астронаути од спејс шатлот ќе минат една недела на вселенската станица. Екипажот исто така донесе батерии и делови за лабораторијата од руско производство, што ќе се користи за научни експерименти.

НАСА го користеше Атлантис 25 години и планира само уште две мисии со други спејс-шатли.

XS
SM
MD
LG